ФОРМУЛА 1

ХАМИЛТОН ЧЕТВРТТИ ПАТ НА ПОЛ СЕЗОНАВА ОД ИСТО ТОЛКУ ТРКИ

18 April, 2015 - 19:11

Британецот Луис Хамилотон ќе стартува од пол-позицијата на утрешната четврта трка во Формула 1 шампионатот, која ќе се вози за Големата награда на Бахреин. Возачот на Мерцедес, ја потврди својата доминација, откако и по денешните официјални квалификации под рефлекторите на патеката „Шакир“ оствари најдобар резултат, а со тоа по четврти пат од исто толку трки сезонава ќе стартува од првата позиција.

Веднаш зад Хамилтон ќе биде Германецот Себастијан Фетел на Ферари, кој впрочем е зад Британецот и во Генералниот пласман кај возачите.

И во вториот стартен ред еден зад друг ќе бидат болидите на Мерцедес и Ферари. Германецот Нико Розберг од Мерцедес ќе ја има третата позиција, а Финецот Кими Раиконен четвртата.

Во генералниот поредок актуелниот шампион Хамилтон води со 68 бодови, пред Фетел кој има 55. 

Веста е прочитана 186 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.