ФОРМУЛА 1

ХАМИЛТОН ГО ИЗРАМНИ РЕКОРДОТ НА ФАНЏО И СЕНА

3 September, 2016 - 21:51

Возачот на „Мерцедес“, Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата за утрешната 14 трка во формула еден шампионатот што ќе се вози во Монца за Големата награда на Италија.

Актуелниот првак на официјалните квалификации за речиси половина секунда беше побрз од тимскиот колега Германецот Нико Розберг со кого ќе го дели првиот ред.

Британецот го оствари 56 пол во кариерата, седми сезонава или петти во Монца, по што се израмни со рекордерите Хуан Мануел Фанџо и Аиритон Сена.

Веднаш зад двата Мерцедеса трката ќе ја почнат болидите на „Ферари“ откако за нијанса побрз беше Германецот Себастијан Фетел од Финецот Кими Раиконен. Третиот стартен ред го обезбедија уште еден Финец Валтери Ботас во болидот на „Вилијамс“ и Австралиецот Даниел Рикиардо на „Ред Бул“.  

Во пресрет на италијанското Гран при, во Генералниот пласман кај возачите, Хамилтон е лидер со девет бодови предност во однос на Розберг. 

Веста е прочитана 368 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.