ГН КАНАДА

ХАМИЛТОН ЈА ПРЕДВОДЕШЕ ЕДЕН ДВА ПОБЕДАТА НА МЕРЦЕДЕС

8 June, 2015 - 12:21

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон победи на седмата трка во фомула 1 шампионатот што се возеше „Жил Вилнев“ во Монтреал за Големата награда на Канада. За Британецот ова беше третата победа сезонава или вкупно 37 во кариерата. Неговиот тимски колега Нико Розберг заврши на второто место, а трет беше Финецот Валтери Ботас на Вилијамс.

Следуваат двата возача на Ферари, Финецот Кими Раиконен како четврто пласиран и Германецот Себастијан Фетел на петтото место.

Бодови освоија и Бразилецот Фелипе Маса (Вилијамс), Пастор Малдонадо од Венецуела (Лотус), Германецот Нико Хулкенберг (Форс Индија), Русинот Данил Квајт (Ред Бул) и Французинот Роман Грожан (Лотус).

Следна трка во Шампионат во Формула 1 е на 21 јуни за Големата награда на Австрија.

 

Генерален пласман - возачи:

 

1. Хамилтон 151 бод

2. Розберг 134

3. Фетел 108

4. Раиконен 72

5. Ботас 57,...

Веста е прочитана 202 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.