ХАМИЛТОН ЈА ПРОДОЛЖИ ДОМИНАЦИЈАТА И НА ПАТЕКАТА „ШАКИР“

19 April, 2015 - 22:10

Актуелниот првак Луис Хамилтон беше најбрз под рефлекторите на патеката „Шакир“, каде се возеше трката за Големата награда на Бахреин, четврта од формула 1 шампионатот сезонава. За возачот на Мерцедес ова беше 36 победа во кариерата штоја оствари доминантно од пол-позицијата до самиот финиш.

За место на победничкиот пиедестал се избори и возачот на Ферари, Кими Раиконен, кој заврши како втор, разделувајќи ги двајцата пилоти на Ферари бидејќи Германецот Нико Розберг беше третопласиран.

Во генералниот поредок Хамилтон води сега со 93 бода, пред тимскиот колега Нико Розберг, кој има 55, а Себастијан Фетел сега е трет со 51 бод.  

Следната трка во Формула 1 првенството ќе се вози на 10 мај на патеката во Барселона за Големата награда на Шпанија. 

Веста е прочитана 174 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.