ФОРМУЛА 1

ХАМИЛТОН ЌЕ СТАРТУВА ОД ПОЛ ПОЗИЦИЈА ВО КАНАДА

7 June, 2015 - 16:26

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата за трката од Шампионатот во формула 1 за Големата награда на Канада.

Неговиот тимски колега Нико Розберг ќе стартува од втората позиција. Од вториот стартен ред, односно третата и четвртата позиција ќе тргнат Кими Раиконен од Ферари и Валтери Ботас од Вилијамс, додека возачите на Лотус Роман Грожан и Пасторе Малдонадо ќе стартуваат од третиот ред.

Главната трка е вечерва од 19 часот по средноевропско време.

Во Генералниот пласман лидер е Хамилтон со 126 бодови, пред Розберг со 116, трет е Себастијан Фетел со 98

Веста е прочитана 157 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.