ГН АВСТРИЈА

ХАМИЛТОН ЌЕ ТРГНЕ ОД ПОЛ-ПОЗИЦИЈАТА НА „РЕД БУЛ РИНГ“

20 June, 2015 - 20:47

Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон седми пат сеознава ќе стартува од пол-позицијата на осмата трка во формула 1 шампионатот што ќе се вози за Големата награда на Австрија. За Британецот ова е 45 пат да тргне од првото место во кариерата израмнувајќи се со Германецот Себастија Фетел на вечната листа. 
Од првиот ред веднаш до Хамилтон ќе стратува неговиот тимски колега Нико Розберг.

Од третото стартно место ќе тргне Себастијан Фетел од Ферари, а вториот ред ќе го комплетира Бразилецот Фелипе Маса од Вилијамс.

Во Генералниот пласман води актуелниот првак Хамилтон со 151 бод, пред Розберг кој има 134.

Квалификации за ГН на Австрија:

1. Луис Хамилтон (ВБР/Мерцедес) 1:08.455
2. Нико Розберг (ГЕР/Мерцедес) 1:08.655
3. Себастијан Фетел (ГЕР/Ферари) 1:08.810
4. Фелипе Масса (БРА/Вилијамс-Мерцедес) 1:09.192
5. Нико Хулкенберг (ГЕР/Форс Индија-Мерцедес) 1:09.278
6. Валтери Боттас (ФИН/Вилијамс-Мерцедес) 1:09.319
7. Маx Верстаппен (ХОЛ/Торо Росо-Рено) 1:09.612
8. Фелипе Наср (БРА/Заубер-Ферари) 1:09.713
9. Роман Грожан (ФРА/Лотус-Мерцедес)
10. Пастор Малдонадо (ВЕН/Лотус-Мерцедес)

Веста е прочитана 212 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.