ФОРМУЛА 1

ХАМИЛТОН НА ПОЛ И ВО МАЛЕЗИЈА

28 March, 2015 - 16:30
Пилотот на Мерцедес, Хамилтон, утринава оствари најдобро време на патеката „Сепанг’’ во Куала Лумпур и ја оствари својата втора пол-позиција сезонава, вкупно четириесетта во кариерата. Во првиот ред веднаш зад Хамилтон, утрешната трка ќе ја започне германецот Себастијан Фетел,  возач на Ферари.  Од вториот ред односно третото и четвртото стартно место ќе започнат, Нико Розберг од Мерцедес и пилотот на Ред Бул, Даниел Рикардо .
Веста е прочитана 164 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.