ФУДБАЛ

ХАМИЛТОН НА ПОЛ ПОЗИЦИЈА И ВО ШАНГАЈ

11 April, 2015 - 10:59

 По Австралија и Малезија,Луис Хамилтон  ќе стартува од пол-позицијата и на претстојната трка во Кина. Британецот во болидот на Мерцедес  беше најбрз и на квалификациите на патеката во Шангај  стигнувајќи до првата стартна позиција со време од 1:35,782 минути.Во  првиот стартен ред на светскиот првак му приклучи клупскиот колега Нико Розберг.Победникот од Малезија,Себастијан Фетел од екипата на Ферери постави трет резултат. Од вториот ред заедно со германскиот ас  на утрешната трка  ќе стартува и Фелипе Маса на Вилијамс .Зад нив, од  третиот ред ќе тргнат Валтери Ботас на Вилијамс  и Кими Раиконен со Ферари.

Веста е прочитана 192 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.