ФОРМУЛА 1

ХАМИЛТОН НА ПОЛ ВО МОНЦА

5 September, 2015 - 16:41

Актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон ќе стартува од пол позицијата  на трката за Големата награда на Италија во Монца откако денеска триумфираше во квалификациите.

Ова ќе биде дури 11. пол позиција за Британецот на 12. трка во сезоната. Хамилтон ќе се обиде да стигне до седмата победа со која би бил чекор поблиску до одбрана на титулата.

На денешните квалификации лошо помина неговиот тимски колега Нико Розберг кој заврши на четвртата позиција, но затоа домашната публика имаше можност да се израдува на резултатот на Кими Раиконен од Ферари кој ќе стартува од првата стартна линија бидејќи го освои второто место. Третото место го освои Себастијан Фетел.

Нов разочарувачки настап имаа возачите на Мекларен Хонда, Џенсон Батон и Фернандо Алонсо кои утрешната трка ќе ја стартуваат од 16-то и 17-то место.

Веста е прочитана 266 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.