ФОРМУЛА 1

ХАМИЛТОН НАЈБРЗ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ВО СИЛВЕРСТОУН

9 July, 2016 - 15:35

Луис Хамилтон  постави  најдобар резултат во квалифиакациите за 10. трка од Формула 1 првенството што ќе се вози утре за Гран При на Велика Британија.На патеката Силверстоун домашниот ас управувајки го болидот на Мерцедес , постави најбрз круг од 1.29,287 за негова шеста пол позиција сезонава и вкупно 55 во кариерата.Првиот стартен ред со заостанување од три десетинки  го пополни Нико Розберг кој е лидер во генералниот пласман со 11 бодови повеќе од клупскиот  колега Хамилтон. Од вториот ред ,Големата Награда на Британија ќе ја започнат возачите на Ред Бул,Макс Ферстапен и Даниел Рикјардо.Тандемот на Ферари во поредок Раиконен- Фетел ја освои  5 и 6 позиција,но германецот поради промена на менувачот ќе стартува пет места подолу во поредокот.

Веста е прочитана 248 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.