ФОРМУЛА 1

ХАМИЛТОН НАЈБРЗ НА ПАТЕКАТА „МАРИНЕ БЕЈ“, ФЕТЕЛ НАСТРАДА ВО ИНЦИДЕНТОТ НА ПОЧЕТОК ОД ТРКАТА

17 September, 2017 - 19:04

Возачот на „Мерцедес“ Луис Хамилтон победи на хаотичната 14 трка во формула еден шампионатот што се возеше за големата награда на Сингапур. Британецот седми пат триумфираше сезонава или вкупно 60 во кариерата откако беше побрз за четири ипол секунди од Австралиецот Даниел Рикиардо на „Ред Бул“. Вториот пилот на „Мерцедес“, Финецот Валтери Ботас беше трет.

Во бодови од сингапурското Гран при влегоа, Шпанецот Карлос Сајнц на „Торо Росо“, Мексиканецот Серхио Перез на „Форс Индија“, Британецот Џолион Палмер на „Рено“, Белгиецот Стофел Вандорн на „Мекларен“, Канаѓанецот Ленс Строл на „Вилијамс“ и двајцата Французи, Себастијан Грожан на „Хас“ односно Естебан Окон на „Форс Индија“.

На патеката „Марина Беј“ првпат во историјата се возеше ноќна трка по дожд а поради неколку инциденти заврши по нешто повеќе од два часа. Сударот на почетокот ја одбележа трката по кој најдебелиот крај го извлекоа возачите на „Ферари“Германецот Себастија Фетел и Финецот Кими Раиконен како и Холанѓанецот Макс Верстапен на „Ред Бул“, кои останаа без пласман.

Третиот триумф во Сингапур на Хамилтон во кариерата му донесе поголема предност на врвот во Генералниот пласман. Возачот на „Мерцедес“ е лидер со 263 бодови, 28 повеќе од второпласираниот Фетел. Ботас е трет со 212 бодови.

Следната трка ќе се вози на први октомври за Големата награда на Малезија.

Веста е прочитана 769 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.