ФОРМУЛА 1

ХАМИЛТОН ПОБЕДИ ВО КАНАДА И СЕ ДОБЛИЖИ НА 9.БОДОВИ ДО РОЗБЕРГ

12 June, 2016 - 22:15

Луис Хамилтон ја забележа и втората победа по ред во тековното Формула 1 првенство.Британецот кој  ја брани титулата Светски шампион ,триумфираше на  Канадското Гран при што се возеше во Монтреал.Хамилтон не го  искористи најдоброто стартно место и  беше престигнат од Себастијан Фетел, но подоцна во текот на трката, се врати на 1.позиција.Зад Луис Хамилтон,на второт место заврши  Фетел од екипата на Ферари.За позиција на подиумот во Монтреал се избори Валтери Ботас на Вилијамс.Со втората победа сезонава,,возачот на Мерцедес ја намали разликата зад тимскиот колега Нико Розберг на  само 9.бодови..Водечкиот во генералниот  пласман финишираше на 5.место откако имаше проблеми на стартот и но и во последниот круг кога се обиде да го престигне Ферстапен.Следната 8.трка ќе се вози на 19 јуни во Азербејџан.

Веста е прочитана 334 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.