ФОРМУЛА 1

ХАМИЛТОН ПОБЕДИ ВО СУЗУКА И СЕ ИЗЕДНАЧИ СО ЛЕГЕНДАТА А. СЕНА

27 September, 2015 - 13:53

Луис Хамилтон го освои Јапонскот Гран При и ја зголеми на 48 бодови разлика пред клупскиот колега Нико Розберг.Осмата победа на бритенецот во тековното првенство е вкупни 41. во неговата кариера со што на вечната Ф1 листа,се изедначи со легендарниот Аиртон Сена.

 

Формула 1 се врати на патеката  Сузука под спомени на трагичниот инцидент на Жил Бјанки.

Нико Розберг не го искористи стартот од пол позиција.Германскиот возач од Мерцедес падна на 4.место, а Хамилто,н можеби го направи стартот за одбрана на шампионската титула.Британецот ја запоседна водечката позиција и не ја испушти до крајот,остварувајки најбрз круг на трката  со финиш од 18 секунди   пред ривалите и клупскиот колега од Мерцедес.Повеќе работа имаше Розберг кој успеа да се пробие до 2.место пред Себастијан Фетел кој пак профитираша од лошата тактика на Вилијамс и со клупскиот другар Кими Раиконен  ја освоија 3. и 4.позиција.Ботас на Вилијамс заврши на 5.место а во пласман за бодови влегоа уште Нико Хулкенберг од Форс Индија,двоецот на Лотус, Грожан и Малдонадо и младиот тандем на Торо Росо, Ферстапен и Сајнц јуниор.После 32.трки во пласман на бодови,денеска на Сузука потрфлија  пилотите на Ред Бул.Квјат заврши на 13.место,Рикјардо финишираше како  15-сетти.За прв пат после Европското Гран При од 2011-та година сите возачи влегоа во пласман,вклучувајки го и Фелипе Наср кој не ја мина целта но комплетираше 90 проценти од круговите и има официјален пласман. 

Во пресрет на следната 15.трка што ќе се вози на 11.октомври  во Сочи за ГН на Русија,Хамилтон има 48 бодови предност пред Розберг и 59 пред Фетел, третопласираниот во генералата.

 

 

Веста е прочитана 259 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.