ФОРМУЛА 1

ХАМИЛТОН ПРОДОЛЖУВА СО ДОМИНАЦИЈАТА

25 July, 2015 - 19:04
Возачот на Мерцедес и актуелен светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон ја освои пол позицијата деветти пат сезонава пред десетата трка во шампионатот што ќе се вози за Големата награда на Унгарија. Британецот беше најбрз на денешните официјални квалификации на патеката „Хунгароринг“ со половина секунда подобро време од тимскиот колега Нико Розберг со кого ќе стартува од првиот ред. Германецот Себастијан Фетел на Ферари оствари трето време, додека четврти беше неговиот поранешен тимски колега од Ред бул, Австралиецот Даниел Рикиардо. Трката за Големата награда на Унгарија ќе се вози во недела а ќе почне со едноминутно молчење во знак на почит за Жил Бјанки. 
Веста е прочитана 159 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.