ФОРМУЛА 1

ХАМИЛТОН СЛАВЕШЕ ЈУБИЛЕЈ ВО ОСТИН - 50 ПОБЕДИ ВО КАРИЕРАТА

24 October, 2016 - 16:00

Британецот Луис Хамилтон победи на 18 трка во Формула 1 шампионатот трета година по ред што се возеше за Големата награда на САД. Возачот на Мерцедес прв ја мина целната рамнина на патеката во Остин, остварувајќи ја седмата победа сезонава, инаку лјубилејна 50 во кариерата. Сега Британецот е на само една победа помалку од легендарниот Французин, Алан Прост, но далеку зад Германецот Михаел Шумахер кој во кариерата острвари дури 91 победа.

Покрај Хамилтон на пиедесталот се искачија неговиот тимски колега Нико Розберг и возачот на Ред Бул, Даниел Рикардо.

Сепак, Германецот и натаму е водечки во генералниот пласман сега со 311 бодови, односно 26 повеќе од Хамилтон, додека Австралиецот Рикардо е трет со 227.

До крајот на шампионатот остауваат уште три трка, а следната е на 30 октомври кога ќе се вози Големата награда на Мексико. 

Веста е прочитана 754 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.