ФОРМУЛА 1

ХАМИЛТОН ТРЕТПАТ ВО КАРИЕРАТА НА ПОЛ НА „СИЛВЕРСТОУН“

4 July, 2015 - 19:02
Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, беше најбрз во квалификациите на патеката во Силверстоун и ќе стартува од пол-позицијата, седми пат сезонава, на деветтата трка во формула 1 шампионатот што ќе се вози за големата награда на Велика Британија. За актуелниот првак ова е вкупно 47 најдобар старт во кариерата. Во првиот ред ќе биде и вториот возач на Мерцедес, Нико Розберг, додека како трет ќе стартува Фелипе Маса во болидот на Вилијамс. Од позицијата број четири ќе тргне вториот болид на Вилијамс со Валтери Ботас. Во генералниот пласман води Хамилтон со 169 бодови, пред Розберг со 159 и Фетел со 120.

 

Резултати од квалификации за ГН на ВБ:

1. Луис Хамилтон (Велика Британија) Мерцедес 1:32.248
2. Нико Розберг (Германија) Мерцедес 1:32.361
3. Фелипе Маса (Бразил) Вилијамс 1:33.085
4. Валтери Ботас (Финска) Вилијамс 1:33.149
5. Кими Раиконен (Финска) Ферари 1:33.379
6. Себастијан Фетел (Германија) Ферари 1:33.547
7. Данил Квјат (Русија) Ред Бул 1:33.636
8. Карлос Саинс јуниор (Шпанија) Торо Росо 1:33.649
9. Нико Хулкенберг (Германија) Форс Индија 1:33.673
10. Даниел Рикардо (Австралија) Ред Бул 1:33.943

11. Серхио Перес (Мексико) Форс Индија 1:34.268
12. Роман Грожан (Француска) Лотус 1:34.430
13. Макс Ферстапен (Холандија) Торо Росо 1:34.502
14. Пастор Малдонадо (Венецуела) Лотус 1:34.511
15. Маркус Ериксон (Шведска) Заубер 1:34.868

16. Фелипе Наср (Бразил) Заубер 1:34.888
17. Фернандо Алонсо (Шпанија) Мекларен 1:34.959
18. Џенсон Батон (Велика Британија) Мекларен 1:35.207
19. Вил Стивенс (Велика Британија) Менор 1:37.364
20. Роберто Мерхи (Шпанија) Менор 1:39.377

Веста е прочитана 182 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.