ФОРМУЛА 1

ХАМИЛТОН ТРИУМФИРАШЕ НА ХУНГАРОРИНГ

24 July, 2016 - 18:57

Луис Хамилтон ја освои Големата Награда на Унгарија  и со петтата победа сезона го престигна тимскиот колега од Мерцедес во генералниот пласман на Формула 1 Шампионатот.Британецот го искористи стартот и го симна од првото  место освојувачот на пол позиција Нико Розбер.Низ 70-те кругови на Хунгароринг, актуелниот светски првак не дозволи никакво превземање на позицијата и со рутинско возење ја запиша третата победа по ред и рекордна петта на унгарскиот автодром.До пилотите на Мерцедес на подиумот се искачи Даниел  Рикардо од Ред Бул.Во пласман на бодови влегоа уште Фетел,Ферстапен,Раиконен,Алонсо,Сајнц,Ботас и Хулкенберг.Во пресрет на  12 трка што  ќе се вози во Германија на Хокенхајм на 31 јули,Хамилтон има 192 бода ,шест повеќе од Розберг.Кај  конструкторите Мерцедес води со 278  бодови пред Ферари со 224. 

Веста е прочитана 266 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.