ФОРМУЛА 1

ХАМИЛТОН НА ПОЛ ПОЗИЦИЈА ВО СПА

22 August, 2015 - 16:52

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ја освои пол позицијата пред 11-та трка од годинашниот шампионат во Формула 1, за Големата награда на Белгија.

Британецот на патеката „Спа“ дојде до десеттата најдобра стартна позиција,шеста во низ  со време од 1:47.197 минути. Доминацијата на Мерцедес ја потврди Розберг, кој трката на легендарната патека „Спа Франкоршамп“ ќе ја започне од првиот ред, веднаш до својот тимски колега.Вториот стартен ред го освоија  возачите на Вилијамс и на Лотус, Валтери Ботас ќе стартува од третата, а Роман Грожан од четвртата позиција.

Инаку Грожан, кој за само 28 илјадити делови од секундата имаше послабо време од Ботас, трката ќе ја започне не од четвртата туку од 9-та позиција, бидејќи пред квалификациите го смени менувачот 

Третиот ред го формираа Серхио Перез од Форс Индија и Даниел Рикардо од Ред Бул, зад нив се Фелипе Маса (Вилијамс) и Пастор Малдонадо (Лотус), а првите десет на стартот ги комплетираа Себастијан Фетел (Ферари) кој е трет во генералниот пласман  и Карлос Саинц јуниор (Торо Росо).

Веста е прочитана 264 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.