ФУДБАЛ

Хрватска против Грција, Италија ќе игра со Шведска во баражот за СП 2018

17 October, 2017 - 16:04

Денеска во Цирих беше извршена ждрепката за двојките во баражот за пласман на Светското првенство во Русија 2018 година.

Четирикратниот светски првак Италија ќе игра двомеч со селекцијата на Шведска, Хрватска за противник ја доби Грција, Швајцарија ќе ги одмери силите со Северна Ирска, додека Данска се среќава со Република Ирска.

Првите натпревари се играат од деветти до 11-ти ноември, додека реваншите треба да се одиграат од 12 до 14 ноември. 

Веста е прочитана 981 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.