ЕП - Б ДИВИЗИЈА

И ГРУЗИЈА ПРЕСИЛНА ЗА МЛАДИНЦИТЕ, ПРОПАДНАА ШАНСИТЕ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕ

17 July, 2016 - 18:00

Македонската репрезентација го доживеа вториот пораз на Европското Првенство – Б дивизија за кошаркари до 20 години што се одржува во Грчкиот град Халкида.

По Црна Гора и Грузија беше подобра од нашиот национален тим со убедливи 85:61. За „црвено-жолтите“ ова беше втор пораз во третиот натпревар на турнирот по што ги загубија шансите за пласман во втората фаза.

Победникот се наѕираше уште по првата четвртина која Грузијците ја добија со 30:8. Во вториот период предноста ја зголемија за уште 11 поени (23:12). Второто полувреме им припадна на избраниците на селекторот Љупчо Малинков но тоа не беше доволно за пресврт бидејќи Грузијците ја сочуваа огромната преднст и стигнаа до првиот триумф на шампионатот.

Во македонската репрезентација Андреј Магдевски постигна највеќе 10 поени, еден повеќе од Андреј Цветковски, додека Дамјан Робев, Виктор Ефремовски и Давид Георгиев постигна по осум.

Во следните два дена Македонија ќе биде слободна пред да го одигра последниот меч во групната фаза, во среда на 20 јули против Португалија, која го доживеа првиот пораз од Црна Гора со убедливи 66:36.

Табела А група:

1 Црна Гора 6 (3 средби)

2. Македонија 4 (3)

3. Португалија 3 (2)

4. Грузија 3 (2)

5. Ерменија 2 (2)

Веста е прочитана 285 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.