ФУДБАЛ

ИМОБИЛЕ ЈА СПАСИ ИТАЛИЈА ОД ПОРАЗ НА „ФИЛИП ВТОРИ“ АРЕНАТА

10 October, 2016 - 18:35
Македонската фудбалска репрезентација го доживеа и третиот пораз во квалификациите за Светското првенство во 2018 година во Русија. По поразот во судиското надополнување од Албанија, пропуштената шанса за нерешен резултат против Израел, нашиот национален тим во последните моменти од го загуби и натпреварот против Италија со 2:3, во третото коло од групата Г.  Избраниците на селекторот Игор Ангеловски создаваа шанси и играа квалитетно, но на крајот пропуштија и шанса да направат големо изненадување во дуелот против фаворизираната Италија.  Токму преку Горан Пандев и Илија Несторовски беа оние кои први имаа шанса за гол, но откако ги пропуштија можностите „аѕурите“ преку Андреа Белоти поведоа со 1:0 во 24 минута.  Вториот дел црвено-жолтите успеаја да направат и резултатски пресврт, па со головите на Илија Несторовски (57 минута) и две минути подоцна преку Ферхан Хасани, Македонија дојде до водство од 2:1. Имаа можност маскедонските фудбалери и за трет гол, но ударот со глава на Даниел Мојсов од 5-6 метри, легендарниот италијански голман Џиџи Буфон го одбрани.  Сепак, дека Италија е светска фудбалска велесила потврди во продолжението од натпреварот. Чиро Имобиле со двата гола беше јунакот на Италија. Најнапред во 75 минута, Имобиле израмни на 2:2, а во втората минута од судиското надополнение (90+2) ги постави и конечните 3:2 за Италија.  Во групата Г, очекувани победи остварија Израел над Лихтенштајн со 2:1, и Шпанија на гости кај Албанија со 2:0.   Табела:  1. Шпанија 7 бодови2. Италија  73. Албанија4. Израел 65. Македонија 06. Лихтенштајн 0
Веста е прочитана 210 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.