ФОРМУЛА 1

ИСТОРИСКИ ТРИУМФ НА ФЕРСТАПЕН,КОЛИЗИЈА НА РОЗБЕРГ И ХАМИЛТОН

15 May, 2016 - 19:24

Холандскиот возач Макс Ферстапен е сензационелен победник на петтата  трка од Светското првенство  во Ф1 што се возеше денеска  на патеката Каталуња крај Барселона.Пилотот  на Ред Бул испиша историја во престижниот октански спорт.Ферстапен со неполни 19 години е најмлад победник на една Гран При во Формула1 .Тој е првиот холанѓанец кој се искачил највисоко  на подиумот во Формула 1.Макс Ферстапен победи на шпанското Гран при пред двоецот на Ферари Кими Раиконен и Себастијан Фетел.Синот на Јос Ферстапен  воедно дебитираше во кокпитот на Ред Бул ,откако беше прекомандуван  од јуниорскиот Торо Росо и го замени местото со русинот Данил  Квјат.За историскиот подиум на холанѓанецот, вратите широки ги отворија главните фаворити,Хамилтон  и Розберг.Пилотите на Мерцедес се судрија  уште во првиот круг.Розбрег  со подобра реакција во првиот свијот о стартот го престигна британецот кој ја имаше пол позицијата а со  обидот на Хамилтон во истиот круг да се врати на првото место ,неславно заврши трката во Шпанија за тимот на Мерцедес.Во пресрет на следната 6.трка што ќе се вози во Монте Карло на 29 мај,Розберг застана на 100 бодови,39 повеќе  од Раиконен кој се проби до 2-рата позиција.. Трет во поредокот на возачите е   Хамилтон  со 57 бодови.

Веста е прочитана 312 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.