КОШАРКА

КАРПОШ СОКОЛИ НАДИГРАН И ВО ЗАГРЕБ

15 October, 2016 - 19:49

Карпош Соколи ќе почека за деби триумфот во кошаркарската АБА лига бидејќи доживеа нов пораз вкупно петти од исто толку натпревари откако на гостувањето во Загреб, беше совладан од Цибона со 102:79, во рамките на петото коло.

Мечот беше решен уште во првата четвртина која домашниот тим ја доби со 30:19, а потоа веќе до полувремето ја зголеми предноста и на плус 16 или на одмор замина со резултат 57:41. Тоа беше доволно да ја најави и до крајот само да ја потврди четвртата победа во Регионалното натпреварување во која прв стрелец беше Жељко Шакиќ со 23 поени.

За Скопскиот тим во новиот пораз најефикасен беше Драган Лабовиќ со 21 поен.

Карпош Соколи во следниот меч на 23 октомври повторно ќе игра на гости кога во македонската пресметка во СЦ „Јане Сандански“ се среќава со МЗТ Скопје, кој најпрвин утре ќе му гостува на Задар во петтото коло.

Веста е прочитана 285 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.