АБА ЛИГА

КАРПОШ СОКОЛИ НАПРАВИ СЕФТЕ, ПАДНА НЕПОРАЗЕНИОТ БУДУЌНОСТ

12 November, 2016 - 20:47

Карпош Соколи конечно му се израдува на првиот деби триумф во деветиот натпревар од кошаркарската АБА лига. Пред своите гледачи во Сспортскиот центар Борис Трајковски  приреди сензација откако го совлада лидерот Будуќност со 77:71 на кого му го нанесе првиот пораз во рамките на деветото коло.

Откако го загуби воведниот период со 25:18, Карпош Соколи ги одигра најдобрите 10 минути во Јадранската лига. Во нив го реши прашањето на победникот кога го разби гостинот од Црна Гора со 25:8 и на одмор замина со водство од 43:33.

Тоа беше доволно бидејќи во продолжение досега непоразениот тим успеа да скрати само четири поени од негативата пред домаќинот да го обезбеди историскиот подвиг за клубот во Јадранската лига.

Драган Лабовиќ со 18 и Драган Зековиќ со 17 поени го предводеа домаќинот, додека кај црногорците најдобар поединец беше Бојан Суботиќ со 20 поени и 11 скокови.  

Карпош Соколи во следниот меч на 21 ноември повторно ќе има голем предизвик бидејќи во Белград ќе му гостува на бранителот на титулата екипата на Црвена Звезда.

Веста е прочитана 370 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.