АБА ЛИГА

КАРПОШ СОКОЛИ НЕ ИЗДРЖА ДО КРАЈ ЗА СЕНЗАЦИЈА ПРОТИВ ПАРТИЗАН

10 October, 2016 - 21:06

Никако да им тргне на двете македонски екипи за прва радост во новата сезона од кошаркарската АБА лига. По МЗТ Скопје и Карпош Соколи го прокнижи четвртиот пораз од исто толку мечеви. На домашен терен во СЦ „Борис Трајковски“, иако имаше шанса за сензација сепак, до победата стигна Партизан, кој славеше 84:77 (20:22; 21:20; 20:20 и 16:22) во претпоследниот натпревар од четвртото коло.

Партизан заедно со актуелниот првак Црвена Звезда и Будуќност, се трите екипи, кои во моментов имаат максимален ефект по четири одиграни натпревари.

Решавачка беше последната четвртина која гостите од Белград ја добија, а притоа Карпош Соколи единствено во тој период постигна помалку од 20 поени. На стартот на последната четвртина Партизан водеше со половина кош (62:61).

Најефикасен на дуелот беше Вилијам Хетчер со 21 поен од редовите на гостите од Белград, додека кај Карпош Соколи Драган Зековиќ и Драган Лабовиќ постигна по 15.

Карпош Соколи во следниот натпревар ќе гостува во Загреб, каде на 15 октомври ќе игра со Цибона. 

Веста е прочитана 382 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.