АБА ЛИГА

КАРПОШ СОКОЛИ ПОРАЗЕН НА ДЕБИТО ВО НОВО МЕСТО

1 October, 2016 - 19:50
Карпош Соколи загуби на своето деби во кошаркарската АБА лига откако на гостувањето во Ново Место беше совладан од Крка со со 81:64 (28:16; 26:14; 13:20 и 14:14). Слабата игра во одбраната во првото полувреме и примените 54 поени се причината за поразот на Карпош Соколи на гостувањето во Словенија. Во вториот дел скопскиот тим беше подобра екипа, но немаше сили за пресврт на натпреварот. Марко Луковиќ со 19 поени беше најефикасен на дуелот, додека кај Карпош Соколи прв стрелец беше Драган Зековиќ со 13 поени. Карпош Соколи во продолжение од Регионалното натпреварување на честти октомври ќе ја нагости Игокеа.
Веста е прочитана 324 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.