СП РАКОМЕТ

КАТАР И УНГАРИЈА НАПРАВИЈА СЕНЗАЦИЈА, МАКЕДОНИЈА 13 НА КОНЕЧНАТА ТАБЕЛА

22 January, 2017 - 20:20

По елиминацијата од Норвешка, Македонија се врати дома како 13 на конечната табела од Светското првенство во Франција на кое привршува вториот осминафинален ден. 

Шпанија го очекува конечниот исход од средбата Хрватска - Катар за последното четврфинале откако претходно беа формирани преостанатите двојки.

За пласман во полуфиналето ќе се борат Норвешка против Унгарија, Франција против Шведска, Словенија против Катар.

Унгарија направи изненадување во осминафиналето откако го елиминира олимпискиот првак Данска со 27:25, Светскиот вицепрвак Катар приреди сензација број два бидејќи го доби фаворизираниот Европски првак Германија со 22:20, а Шведска имаше лесна задача откако ја растури Белорусија со 41:22.

Македонија оствари две победи едно реми и трипати беше поразена, резултати по кои го освои 13 место на 25 мундијал во Франција. 

Веста е прочитана 2873 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.