СЕХА ЛИГА

КАТАСТРОФАЛЕН ПОРАЗЕН НА МЕТАЛУРГ КАЈ ШАМПИОНОТ ВЕСПРЕМ

4 February, 2017 - 21:27

Металург доживеа дебакл на гостувањето во Унгарија каде за 10 пораз во ракометната СЕХА лига беше убедливо совладан од Веспрем со 33:21, во 14 натпревар одигран сезонава.

Актуелниот првак доминираше во текот сите 60 минути без да му дозволи на тимот од „Автокоманда резултатски да се доближи, нанесувајќи му го највисокиот пораз во регионалното натпреварување изразен со 12 голови.

Филип Кузмановски со пет голови и Жарко Пешевски со четири беа најодбри стрелци кај Металург, додека домашниот тим го предводеа Драган Гајиќ и Ренато Сулиќ, двајцата со по шест погодоци.

Металург треба да одигра уште четири средби до крајот од регуларниот во оваа сезона. Првиот е во среда на осми февруари кога ќе го нагости ППД Загреб.

Утре вториот македонски претставник Вардар му гостува на Горење во Велење.

Веста е прочитана 1236 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.