ТЕНИС

КЕРБЕР ЈА ИЗНЕНАДИ СЕРЕНА ВИЛИЈАМС И ГО ОСВОИ ГС ВО МЕЛБУРН

30 January, 2016 - 13:23

Германката Анџелик Кербер приреди сензација и ја победи Серена Вилијамс во финалето на  Отвореното тениско првенство на Австралија.

 

Анџелика Кербер ја изненади  Серена Вилијамс во финалето на Отворенто тенсики прветсво на Австралија.Тенисерката од Германија во освои првиот Грен слем трофејот во своето прво Грен слем финале.Кербер ја порази првата носителка во три сета  со 6-4,3-6 и 6-4.Финалето траеше нешто повеќе  од два часа ,период во кој фаворитката направи 46 грешки,Серена  имаше и 47 винери,но 28 годишаната Кербер одигра извонредно со максимален интензитет и заслужено  го постигна најголемиот успех во кариерата.На другата страна,американката   не успеа по седми пат да триумфира во Мелбурн и да стигне до 22 -риот Грен слем трофеј со кој ќе  го  изедначеше рекордот  на  Штефи Граф.После Граф,Кербер е првата германка што освоила  Грен слем  од  1999 година.Покрај паричната награда од 3,400,000 австралиски долари,Кербер од понеделник ќе биде втора на ВТА листата зад Серана Вилијамс.Во машкото финале ќе играат Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј.

Веста е прочитана 239 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.