КОШАРКА

КЛИВЛЕНД Е НОВИОТ НБА ШАМПИОН

20 June, 2016 - 15:31

Кошаркарите на Кливелнд ја освоија НБА лигата по прв пат во клупкста историја.Во решавачкиот седми меч од НБА финалната серија, Кавалирс со 93-89 го победија составот на Голден Стејт.Покрај тоа што им се реваншираа на Вориорс за поразот во ланското финале,играчите на Кливленд влегоа во НБА историјата како прв тим што успеал да го освои шампионскиот трофеј после негатива од 3-1 во финалната серија.

 

Леброн Џејмс беше МВП на финалето и синоќа се избори за  својата трета  титула во кариерата после двете  со Мајами.Тој ја заврши мајсторката со 27 поени, 11 скокови и 11 асистенции, поен помалку постигна Кајри Ирвинг кој во последната минута ја погоди клучната тројка за водство и потоа победа  на својот тим.Тренерот на Кавалирс, Тајрон Лу, стана 14-от тренер кој титулата ја освоил и како играч и како тренер. Кај Голден Стејт,потфрлија Стеф  Кари и Клеј Томпсон.Кари потроши многу топки и  стигна до 17 поени,Томсон запиша 14. Дрејмон Грин беше најдобриот кај Вориорс со 32 коша  15 скокови и  девет асистенции.

Веста е прочитана 276 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.