НБА-ПЛЕЈ ОФ

КЛИВЛЕНД ГО РАСТУРИ АКТУЕЛНИОТ ШАМПИОН

9 June, 2016 - 14:20

Кливленд се врати во игра со триумф пред своите гледачи против Голден Стејт кого го растури со 120:90 на третиот меч и намали на 2 - 1 во серијата подобар од седум во големото финале НБА финале за титулата.

Леброн Џејмс одигра добра партија со 32 поена и 11 скокови, но со голема помош и 30 погодоци на Карји Ирвинг, како и Џеј Ар Смит, кој уфрли 20. Тројцата не дозволија Кавалирс да бидат пред елиминација туку да останат во игра за шампионската тиула која ја бранат гостинските кошаркари.

Првиот играч кај Вориорс Стеф Кари не го одигра мечот како што сите очекуваа бидејќи доцна се разбуди и постигна само 19 поени, еден повеќе од вториот стрелец Харисон Барнс. Потфрлија Клеј Томсон со 10 и Дрејмонд Грин со само шест поени.

На следниот четвртти меч од големото финале повторно домаќин ќе биде Кливленд во сабота рано наутро.

Веста е прочитана 264 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.