ЕП - У18

КОШАРКАРСКИТЕ НАДЕЖИ СЕ ИЗРАДУВАА НА ПРВИОТ ТРИУМФ

30 July, 2016 - 21:39

Кошаркарска репрезентација на Македонија славеше победа против Ирска, во рамките од второто коло на Европското првенство за играчи до 18 години (Б дивизија) што се одржува во Скопје.

Во натпреварот од А групата, одигран во СЦ „Борис Трајковски’’ македонските јуниори иако на полувремето губеа со 46:51, сепак ја совладаа Ирска со 96:82 (28-31, 18:20, 34:18 и 16:13).

Виктор Ефремовски со 24 поени (7/12 за три поени) беше најефикасен во редовите на нашата селекција, двоцифрен број на поени постигнаа и Петар Огњеновиќ 15, капитенот Ненад Димитриевиќ 14 поени и 12 скокови, Стефан Милевски 13 и Ранко Мамузиќ 10 поени и 10 скокови.

Во оваа група денеска се одиграа и средбите: Полска – Бугарија 74-69 и Унгарија – Кипар 88-41.

Утре макеоднските надежи за противник ќе ја имаат репрезентацијата на Унгарија. 

Веста е прочитана 264 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.