БИБЛ ЛИГА

КУМАНОВО ПОДОБАР ОД КОЖУВ ВО МАКЕДОНСКОТО ДЕРБИ

8 November, 2016 - 21:45

Куманово ја продолжи победничката серија во кошаркарската БИБЛ лига откако вечерва на домашен терен во „македонското дерби“ го победи Кожув со 84:76 (17:22; 23:19; 25:25 и 19:10).

Кумановчани до третата победа стигнаа благодарение на подобрата игра во последната четвртина. Комплетната стартна петорка кај Куманово запиша двоцифрен број поени, а најефикасен беше Данило Мијатовиќ со 20 поени. Кај Кожув најмногу 20 поени реализираше Миливое Мијовиќ.

Пораз вечерва на гостувањето во Никшиќ доживеа Фени Индустри. Сутјеска го совлада тимот од Кавадарци со 79:71 (24:17; 18:21; 21:11 и 16:22).

Нашиот претставник одигра лошо во третиот период што беше решавачко за триумфот на домашната екипа.

Најефикасен кај Сутјеска беше Марко Перовиќ со 21 поени, додека за Фени Индустри најпрецизен беше капитенот Кирил Николовски со 19 поени.

Веста е прочитана 347 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.