ОДБОЈКА

ПЕХАРИТЕ ОД КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА ЗА СТРУМИЦА И РАБОТНИЧКИ

25 April, 2015 - 21:34
Одбојкарките на Работнички и одбојкарите на Струмица се победници во одбојкарскиот Куп на Македонија, откако денеска во финалните дуели во струмичко Василево беа поуспешни од своите ривали. Работнички во маратонски дуел кој траеше два и пол часа ја победи Јанта Волеј со 3-2, по сетови 25:22; 25:27; 25:23; 25:27 и 15:9. 
За одбојкарките на Работнички ова е прв куп-трофеј во клупската историја. Во машкото финале Струмица со 3-1 го совлада Сушево. Резултатот по сетови беше 25:22; 25:20; 23:25 и 27:25. 
Веста е прочитана 174 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.