ФУДБАЛ

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП: МАКЕДОНИЈА ОДИГРА 1-1 СО ИТАЛИЈА

7 October, 2017 - 15:13

Во залезот од  квалификациите за мундијалот во Русија,нашата сениорска селекција влезе во резултатска ренесанса.Македонија синоќа одигра уште еден квалитетен меч,заминувајки од Олимпискиот стадион во Торино со  голем бод после ремито од 1-1 со Италија.Иако Азурите не блескаат под водтсво на Вентура,четирикратниот Светски првак по традиција е фаворит и  неприкосновен кога игра на  домашен терен.Кон играчкиот арсенал на италијанците ,Македонија одговори со зрела и тактичка фудбалска презентација.Во стартните минути и нешто подоцна  шансите на Инсиње и на Пандев,се чинеше дека нема да има голови во првото полувреме.Но пред паузата,Имобиле го пронајде Кјелини кој го совлада Димитриевски.Селекторот Ангеловски наложи офанзива во вториот дел.Репрезентативците играа на половината на фаворитот и ја искористија шансата во 77 минута во режија на италијанските интернационалци во македонскиот дрес, Пандев и Трајковски.Капитенот асистираше до резервистот Трајковски кој го матираше Буфон.До крајот,Македонија одигра тактички маестрално и  во стил  карактеристичен за  домаќинот, целосно ги  неутрализираше настојувањата на противникот за  ново водтство.После ремито од 1-1 со Италија,Македонија е во серија од три меча без пораз во квалификациите која ќе треба да се надгради веќе во понеделник во Струмица против Лихтенштајн.Во групата  Г,Шпанија победи  со 3-0 над Албанија и дефинитивно го освои 1.место.На третиот меч од претпоследното коло во групата,Израел со 1-0 славеше победа  кај Лихтенштајн.Во пресрет на завршното,10.коло,Шпанција во друштво на Англија,Германија,Белгија и на домаќинот Русија се сигурни патници на мундијалот.

Група Г: Италија - Македонија 1:1, Лихтенштајн - Израел 0:1, Шпанија - Албанија 3:0.

Табела: Шпанија 25, Италија 20, Албанија 13, Израел 12, Македонија 8, Лихтенштајн 0.

Веста е прочитана 636 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.