ФУДБАЛ

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП: ПРВИ БОДОВИ ЗА МАКЕДОНИЈА

25 March, 2017 - 15:45

Сениорите ја оправдаа улогата на фаворити против Лихтенштајн и со убедливи 3-0 на гостување во Вадуц ја изборија првата победа и бодови во тековниот квалификациски циклус за пласман на мундијалот во Русија.

 

Мечот од 5.коло во групата Г донесе целосна доминација на составот што го предводи селекторот Игор Ангеловски.Шансите на Пандев и на Спировски беа вовед  во убедливиот настап кај Лихтенштајн.Посакуваниот прв погодок го постигна Николов во финишот на првиот дел.Мајсторијата на македонскиот репрезентативец беше уште поголем мотив во второто полувреме каде за мирен финиш  беше потребен уште еден гол  во мрежата на домаќинот.Во период од само 5 минути,иницијативана на Црвено-жолтите ја круниса Несторовски со два гола,првиот по асистенција на Пандев во 68 минута,вториот во 73.Напаѓачот од Калчо лигата имаше можност и за хет трик но не го искорите пеналот во завршницата.Синоќа се одиграа и другите две средби од 5.коло во Г групата.Италија со 2-0 ја совлада Албанија,Шпанија со 4-1 го порази Израел.На врвот од табелата,Шпанија и Италија имаат по 13 бодови,Израел застана на 9,Албанија на  6, три повеќе од Македонија.Последен е Лихтештајн без  бодови.Во наредното 6.коло од квалификациите,Македонија на 11 јуни ја  пречекува Шпанија а на 28 март во Скопје , А селекцијата ќе игра пријателски натпревар  со Белорусија.

Веста е прочитана 684 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.