ФУДБАЛ

ЛЕ: ТЕЖОК ПОРАЗ НА ВАРДАР ОД Р.СОСИЕДАД

20 October, 2017 - 13:25

Македонскиот шампион минува тежок период во деби сезоната во Лига Европа.Во второто по ранг клупско натпреварување на Стариот контиент што го организара УЕФА,Вардар  и по третото коло остана без бодови  со негативна гол разлика од  -13.Синоќа на арената Филип Втори,Реал Сосиедад го порази скопскиот тим со 6-0.Бродот на Вардар почна да тоне откако баскијците поведоа со 1-0 а Црвено-црните не ги искористија шансите за гол на Николов  и на Барсегјан за нешто поинаков однос на силите на теренот во поглед на дебаклот кој следеше.Ојарзабал уште во 12 минута ја начна мрежата на Гачевски а до паузата, Вилиан постигна два од своите 4 погодоци.Напаѓачот на Реал Сосиедат беше прецизен и во 55 како и  59 минута.Дела  Бела во финишот, со 6-тиот гол за гостите го запечати најтешкиот пораз на Вардар во европските купови.Тренерот  Јаневски упати извинување кон навивачите и  ја понесе вината за поразот.

„Ова е тежок пораз за нас како клуб, за играчите и за мене. Наидовме на многу подобар противник вечерва и после првата грешка бевме казнети и имавме негатива. После тоа можевме да израмниме, и да постигнеме гол кој што ќе ги сменеше работите на теренот, да добиеме еден поинаков натпревар. Тоа не се случи, а нашиот противник даде и втор гол. После два гола, тешко е да се вратиш со екипа која што секоја недела има вакви натпревари во своето првенство. Тоа се виде и на овој натпревар. Штета што денеска на мечот не покажавме многу повеќе. Јас се извинувам на публиката за овој голем пораз. Тоа е моја грешка бидејќи јас го водам тимот и јас ги бирам фудбалерите. Не се играчите виновни, јас сум виновен бидејќи згрешив во некои работи. Жал ми е за навивачите, затоа што дојдоа во поголем број, навиваа од срце целиот натпревар“, изјави Јаневски.

На другиот меч од 3.коло на Л групата, Зенит со 3-1 го победи Розенборг. Рускиот тим  е лидер со 9 бодови,пред Реал Сосиедад со 6.Три има Розенборг,Вардар е последен  без бодови.Во 4.коло на 2 ноември,македонскиот првак  гостува на Сан Себастијан.

Веста е прочитана 420 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.