ЛЕЈНО СО НАЈДОБРА ОДБРАНА ВО 4. КОЛО

27 February, 2017 - 14:22

И покрај поразот од Будуќност во елитната Лига, голманот на ЖРК Вардар Амандин Лејно ја имаше најдобрата одбрана во четвртото коло од втората фаза.

Македонскиот првак дури во 10 меч беше совладан првпат сезонава односно по низот од осум победи по ред, во кој Французинката имаше забележителен настап. Нејзината одбрана во првото полувреме по обидот на Нововиќ ја рангираше на првото место од топ 5 најубави интервенции во оваа рунда.

Веста е прочитана 765 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.