АБА ЛИГА

ЛОШ СТАРТ НА МЗТ СКОПЈЕ, АКТУЕЛНИОТ ПРВАК ПРЕСИЛЕН

30 September, 2016 - 22:10

МЗТ Скопје со катастрофален пораз ја почна новата сезона во АБА лигата откако загуби на гостувањето кај шампионот Црвена Звезда во Белград со 91:69 (27:20; 22:10; 20:16 и 22:23).

Македонскиот првак беше равноправен само во првите минути, кога во неколку наврати имаше и водство. Во финишот на првиот период Црвена Звезда се одлепи и таа предност постојано ја зголемуваше, а највисоката изнесуваше + 25 (69:44). Кошараките на МЗТ Скопје ја добија последната четвртина и ја намалија разликата. Најефикасен кај победникот беше Марко Гудуриќ со 16 поени, додека кај МЗТ Скопје најпрецизен беше Ксавиер Тејмс со 17 поени.Во следното коло МЗТ Скопје ќе игра на домашен терен против белградски Партизан. 
Веста е прочитана 310 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.