РАКОМЕТ

ЛШ 1/4 ФИНАЛЕ:ВАРДАР ИЗБОРИ ТРИУМФ КАЈ ФЛЕНСБУРГ

22 April, 2017 - 19:55

Ракометарите на Вардар  изборија предност од два гола за реванш четврфиналето во Лигата на шампиони.На гостувањето во Германија,Вардар го победи Фленсбург  со 26-24.

 

Вардар го трасира паток кон Келн.За место помеѓу најдобрата четворка во европскиот клупски ракомет,македонскиот првак  успешно го одработи првиот дел од четвфиналниот двомеч со Фленсбург победувајки на гостински терен со 26-24.Триумфот над екипата што го запре налетот на Вардар  кон  Ф4 во 2014 можеше да биде и поубедлив.Скопскиот  состав  имаше одличен влез на мечот во Фленс арената и почетното водтсво го задржа до крајот.После првите 30 минути Вардар замина на пауза со извонредни  15-9.На почетокот  од второто полувреме Црвено-црните на два пати  ја имаа и највисоката разлика од седум голови но Фленсбург успеа во завршните 20 минути да извлече пристоен пораз од 26-24.Циндриќ,Душебаев и Дибиров постигнаа по пет голови кај  Вардар,Штербик имаше огромен удел со 16  одбрани.Шансата за историски резултат,влез во полуфинале од ЛШ ,Вардар ќе ја има на реваншот во Скопје закажан за 27 април.Денеска се одигра и  натпреварот помеѓу  Веспрем и Монпеље,победи Веспрем со  26-23.Првиот круг од четврфиналето завршува утре со дуелите Кил-Барселона и Пик Сегед-ПСЖ.

Веста е прочитана 823 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.