ФУДБАЛ

ЛШ: БАЕРН ГО ТОРПЕДИРАШЕ АРСЕНАЛ

16 February, 2017 - 16:02

Фудбалерите на Реал Мадрид и на Баерн Минхен се доближија до четврфинале после убедливите  партии  на вчерашните средби.Актуелниот шампион Реал Мадрид  го победи Наполи со 3-1.Инсиње во 8.минута им донесе водство на гостите од Италија.Во продолжение,Бензема,Крос и Касемиро беа најзаслужни  за пресвртот на шпанците на Санјтаго Бернабеу. Уште поубедлив синоќа во осминафиналето беше Баерн Минхен.Германскиот шампион го понижи Арсенал со 5-1. Робен,Ленадовски,Тиаго Аккантара со два гола  и Милер во финишот,  беа стрелци за составот на Карло Анчелоти.Санчез како што покажа после 30.минута, погоди за почесен гол на Арсенал.Наредната седмица ќе играат Баер Леверкузен-Атлетико Мадрид,Манчестер Сити-Монако,Порто-Јувентус и Севиља- Лестер.Претходно во вторникот  првиот круг од осминафиналето го отворија,ПСЖ-Барселона 4-0 и Бенфика-Борусија Дортмунд 1-0.Вечерва стартува нокаут фазата  во Лига Европа.

Веста е прочитана 689 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.