РАКОМЕТ

ЛШ: ПРОДОЛЖУВА ПОБЕДНИЧКАТА СЕРИЈА НА ВАРДАР

1 October, 2017 - 19:18

Ракометарите на Вардар ја продолжија   победничка серија во ЛШ.

 

Европскиот првак го испрати хватскиот шампион  Загреб со  28-21   од Скопје и со максимални  6 бодови после 3.коло се зацврсти на  водечката позиција  во групата А.Осмиот триумф по ред во најсилната конкуренција,Вардар го одработи рутинирано.Почетните минути им  припаднаа на гостите од Хрватска кои  имаа предност од 3-0 и 4-1 ,но брзо се консолидираа редовите на  Европскиот првак.Црвено-црните  експресно изедначија  и ги затворија првите 30 минути со 13-10.Во второто полувреме,Вардар ја зголеми и ја одржуваше разлика од 6 до 7 голови за финални 28-21.Најефикасни кај Вардар Борозан и Македа  со по 4 голови.На 7 октомври Вардар гостува кај  Пик Сегед   

Веста е прочитана 331 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.