РАКОМЕТ

ЛШ: ВАРДАР ГО ПОБЕДИ ЗАГРЕБ И СЕ ВРАТИ НА 1.МЕСТО ВО ГРУПАТА

11 February, 2017 - 20:41

  Македонскиот ракометен  првак ги исполни очекувањата.Во СЦ Јане Сандански,Вардар го совлада Загреб со 25-20,победа со која му се реваншираше на хрватскиот шампион за поразот од есенскиот дел на сезоната и тоа  што е најважно за скопскиот тим, повторно е на 1.место во Б групата се реални очекувања за директен пласман  во четврфиналето.Во мечот од 10.коло во ЛШ,Вардар влезе мотивирано и аргесивно во одбраната.После 20 минути игра,домашниот состав  изгради водство од 10-4.Шесте голови предност,македонската екипа ги имаше и на полувремето,14-8.За разлика од гостување во Хрватска,Вардар и во второто полувреме  го покажа потенцијалот за висок дострел сезонава.Црвено-црните на неколку пати имаа и седум разлика.Со  рутинска игра до крајот домашните во скопкста Арена  ја запишаа седмата победа од 10-тито меч на групната фаза.Алекс Душебаев беше  прв стрелец кај Вардар со 7 голови,Циндриќ и Караџиќ постигнаа по 4-ри, на голот Штербик запиша 12 одбрани.На табелата во групата Б,Вардар е на 1.место со 14 бодови колку што има и Кјелце но е со подобра гол разлика.На следните две позиции Пик Сегед и Рајн Некар Левен имаат  по 13 бодови.Мешков Брест e на 5,место со 11, Целје има 5 ,Загреб застана  на  4, колку што има и  Крситијанштад, последниот на табелата,До крајот на групната фаза од Лигата на шампионите остануваат уште четири кола.На 18 февруари, Вардар  гостува кај  Пик Сегед.

Веста е прочитана 689 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.