ФОРМУЛА 1

ЛУИС ХАМИЛТОН ЌЕ СТАРТУВА ОД ПОЛ ПОЗИЦИЈАТА ВО АВСТРАЛИЈА

14 March, 2015 - 11:59

 Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ќе стартува од пол позицијата на трката за Големата награда на Австралија со која утре почнува новата сезона во шампионатот во Формула 1.

За Британецот ова е 39. пол позиција. До неа стигна со извозен најбрз круг на утринските квалификации на патеката „Алберт парк“. Времето на најбрзиот круг на Хамилтон е 1:26.327минути.

Неговиот клупски колега Нико Розберг ќе му прави друштво во првата линија.

Од третата стартна позиција ќе тргне Фелипе Маса во Вилијамс, а до него ќе биде Себастијан Фетел од Ферари.

Од петтата позиција утре ќе стартува Кими Раиконен (Ферари), а потоа следи Валтери Ботас (Вилијамс). Како седми стартува возачот на Ред Бул, Даниеле Рикардо, а место во првите десет обезбедија уште и Карлос Саинс јуниор (Торо Росо), Роман Грожан (Лотус) и Пастор Малдонадо (Лотус).

Почетокот на главната трка е утре од 6 часот по средноевропско време.

Веста е прочитана 173 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.