ФОРМУЛА 1

ЛУИС ХАМИЛТОН ПОБЕДИ ЗА ГН НА БРИТАНИЈА ТРЕТ ПАТ ПО РЕД

5 July, 2015 - 16:07

Луис Хамилтон на легендарниот  „Силверстоун“ стигна до трета победа едно по друго , актуелниот светски првак пред својата публика победи  со време  1:31.27 пред тимскиот колега Нико Розберг и Себастијан Фетел на Ферари.

За Хамилтон ова беше  петта победа сезонава, вкупно 38. во кариерата и е прв возач по Дејвид Кулхард кој успеал да забележи три победи во низа за ГН на Велика Британија. Трката донесе многу возбудувања, Хамилтон водството го превзеде во 22 круг и успеа да слави на деветата трка сезонава. Хамилтон е лидер во генералниот поредок со 17 бода предност во однос на Розберг. Кај конструкторите, Мерцедес е убелдиво прв пред Ферари со 160 бода.

Веста е прочитана 226 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.