ФУДБАЛ

МАКЕДОНИЈА 162 НА ФИФА РАНГ ЛИСТАТА

24 November, 2016 - 15:58

Македонската фудбалска репрезентација назадуваше за уште седум места на ФИФА рејтинг листата и се наоѓа на 162. позиција  што  е најлош пласман во историјата на „црвено-жолтите“.

 

Во периодот од претходното рангирање,Македонија одигра само еден меч во поразот од Шпанија во квалификациите за СП. Од репрезентациите кои се во квалификациската група со Македонија најдобро котира Шпанија (10.место), Италија е 16-та, Албанија 49-та, Израел 54-ти и Лихтенштајн на 189.место.Лидер на листата на  ФИФА е Аргентина, а по неа следуваат Бразил и Германија. 

Веста е прочитана 286 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.