КОШАРКА

МАКЕДОНИЈА БЕЗ СТРАНЦИ ВО ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИТЕ

20 November, 2017 - 15:33

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Јорданчо Давитков денеска во СЦ „Јане Сандански“ прозиваше на првиот тренинг во пресрет на претквалификацискиот циклус за ЕП 2021, на кој се појавија 15 репрезентативци: Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Александар Костоски, Бојан Крстевски, Ненад Димитријевиќ, Дарко Соколов, Димитар Караџовски, Бобан Стајиќ, Адем Мекиќ, Андреј Магдевски, Стојан Ѓуроски, Кирил Николовски, Љубомир Младеновски и Бојан Трајковски.

 

Од првиот тренинг отсуствуваше единствено  Ѓорѓи Чековски кој синоќа заработи повреда на натпреварот помеѓу Работнички и Гостивар додека Бојан Трајковски се појави во СЦ „Јане Сандански“, но само за да го извести селекторот дека лекарите му советувале да одмора десетина дена поради повредата на мускулот . Давитков ќе има неколку дена за формирање на идеалниот ростер со кој ќе ја нападне Словачка во Попрад на 23. ноември со почеток во 18:00 часот.

     Ќе видиме каква е повредата на Чековски, па ќе решиме што и како со неговиот статус во репрезентацијата, а дефинитивно ќе играме без странец. За Трајковски, пак, знам дека треба да биде во екипата, а зошто не тренира сега навистина не знам. Ќе видиме деновиве каква ќе биде ситуацијата поврзана со него. Репрезентацијата ќе биде подмладена, со играчи кои во иднина ќе треба да бидат во улога на лидери. Словачка добро ја знаеме додека Швајцарија можеби е нешто поголема непознаница иако имам доволно информации за неа. Словаците дефинитивно ќе ни бидат најголемиот ривал со двајца Американци во тимот, едниот натурализиран, а другиот не знам каков е, ама им дозволиле да играат на таков начин. Ќе одиграме најдобро што можеме, а што ќе ни донесе тоа ќе видиме в недела навечер, после вториот натпревар од овој циклус. - истакна селекторот Давитков.

Македонија ќе гостува во Словачка на 23 ноември, а три дена подоцна ќе ја пречека Швајцарија.

Веста е прочитана 982 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.