ФУДБАЛ

Македонија договори пријателска со Норвешка во Скопје

17 October, 2017 - 16:02

Македонската фудбалска репрезентација на 11 ноември ќе игра пријателски натпревар со Норвешка во Скопје на арената „Филип Втори“. 

Ова ќе биде последен натпревар на нашиот национален тим во оваа исклучително успешна 2017 година во која загубивме само еднаш и тоа од Шпанија на домашен терен.

Славевме на три натпревари во квалификациите и на еден на пријателски натпревар против Белорусија, а ремизиравме со Албанија и Италија.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски ќе се обидат со победа да ја заокружат 2017 година и секако за прв пат да ја победат Норвешка, која на досегашните три меѓусебни пресметки има две победи, а еден натпревар заврши нерешено. Двете победи на Норвежаните се остварени во Осло, една во квалификациите за СП 2010, една на пријателски дуел, додека во Скопје во мундијалските квалификации беше 0-0. 

Веста е прочитана 313 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.