ОДБОЈКА

МАКЕДОНИЈА ФИНАЛИСТ ВО ЕВРОПСКАТА ЛИГА

13 August, 2015 - 21:44
Македонските одбојкари успеаја да се пласираат во финалето на Европската лига откако вечерва во полуфиналето во полскиот град Валбжих ја победија Естонија со 3:0 во сетови (25:23; 25:22 и 25:22) за 82 минути. Со овој триумф нашите одбојкари им се реваншираа на Естонците за двата пораза во групата на почетокот на натпреварувањето. Воедно ова за Естонија беше прв пораз оваа сезона во Европската лига. Во текот на првиот сет нашите одбојкари имаа постојано водство и сетот го добија со 25:23. Во вториот сет до средината Естонија имаше прдност, а потоа избраниците на селекторот Жарко Ристоски направија пресврт и сетот го добија со 25:22. И третиот сет нашите одбојкари го добија со 25:22 откако направија серија и имаа водство од 24:19. По триумфот Јовица Симовски изјави: - Одигравме перфектен натпревар на секое поле. Ако вака добро играме и утре во финалето имаме шанса за победа. Во финалето утре од 20 часот Македонија ќе игра против Словенија, која во првото полуфинале ја победија Полска со 3:0 во сетови. Пред финалето ќе се игра и дуелот за третото место меѓу Полска и Естонија.
Веста е прочитана 289 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.