КОШАРКА

МАКЕДОНИЈА ГИ ОТВОРИ КВАЛИФИКАЦИИТЕ СО ПОБЕДА НАД ЛУКСЕМБУРГ

31 August, 2016 - 22:47

Македонската кошаркарска репрезентација ја оправда фаворитската улога против Луксембург и ги освои првите бодови во квалификациската група со  победа од 89-75.

Во салата Јасмин во Кавадарци каде подмладениот сениорски тим ќе ги игра и другите два меча како домаќин од тековсниот циклус,гостинската селекција  вечерва  немаше квалитет за надигрување но успеа да создаде повремен притисок со почетното  водтвсо и заканата  во второто полувреме. Македонија предводена од новиот селектор Драган Раца имаше периоди со предност од 20  па  и повеќе поени но на крајот ја оствари целта и веќе се фокусира кон следниот предизвик.Војдан Стојановски  беше прв стрелец со 28 поени, Дамјан Стојановски  и Костоски запиша  по 13, 10 поени постигна Јаневски. Претходно во 1.коло на групата Г, Унгарија славеше над  Велика Британија со 96-77. Пласман на ЕП што ќе се игра 2017 во четири држави,Романија,Финска,Израел  и Турција обезбедуваат победниците од седумтте групи и најдобрите 4-ри второпласирани селекции.Во следното коло Македонија на 3 септември  гостува кај Велика Британија.

Веста е прочитана 393 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.